ВИДЕО: Поетско – музичка вечер „Илинденски секавици 2025“
Во организација на поетскиот клуб „Обденица“ при организацијата на жени „Нада Михајлова“ вчеравечер се одржа манифестацијата „Илинденски секавици 2025“, под мотото „Нека го осветлат небото над Куманово“.
Поетеси и поети од Куманово и останати градови имаа можност пред присутните во фоајето на Центарот за култура да се претстават со своите песни, во чест на празникот Илинден.