ВИДЕО: Полицијата на терен, учениците дома

За прпат дојави за бомби во девет основни и едно средно училиште во Куманово. Преку заеднички меил закани за поставени бомби добиле основните училишта „11-ти Октомври“, „Бајрам Шабани“, „Браќа Миладиновци“, „Крсте Мисирков“, „Браќа Рибар“-Табановце, Јероним де Рада-Черкезе, Карпош –Умин дол, Кирил и Методиј-Романовце, Кочо Рацин и средното „Гоце Делчев“. Исправени беа екипи на СВР Куманово, а полицијата преку соопштение потврди дека има дојави за поставени бомби.

-Нас ни кажаа пред големиот одмор дека ќе има бомба и кај нас директорката ни рече сите да излеземе надвор иако многумина не веруваа-вели една ученичка.

Од училиштата информираат дека навремено е реагирано, учениците и наставниците по откриената порака, веднаш безбедно се евакуирани.

Учениците беа изведени без паника од училниците, влегов реков „Ајде Нова година, ги скратуваме часовите ве честам“, за да направиме атмосферата да не биде панична. За осум минути беа изведени учениците и вработените од објектот. Ние имаме уште два објекти кои се во централното градско подрачје, училиштето „Тане Георгиев“ и подрачното училиште во Соколана и таму веднаш ги информиравме иако не постоеше во мејлот конкретна локација, но мејлот беше упатен до ОУ „Браќа Миладиновци“. Пристапивме и тие објекти и ученици од тие објекти и вработени беа евакуирани.  Планот за евакуација ни е изведен пред една година кога се случи оној настан со модуларната болница во Тетово, тогаш рпистапивме кон целосни документи, планови, симулации на вежби за евакуација и тогаш четири и пол минути ни требаше за евакуација и ни беше смешно, сметавме дека ќе ни треба за прилика на пожар или елементарни непогоди, меѓутоа еве сега ни послужи и сметам дека за многу брзо време неподготвени да излеземе на безбедновели Јасмина Спасовска, директорка на ОУ „Браќа Миладиновци“- вели Јасмина Спасовска, директорка на ОУ „Браќа Миладиновци“.

-Ние почнавме нормална настава по третиот час имаме пауза, која трае 30 минути, 60 проценти од учениците беа надвор и имавме информација за бомба поставена во училиштето. Затоа учениците што беа внатре делувавме превентивно ги евакуиравме заедно со наставниците- истакна Африм Алити, директор СОУ „Сами Фрашери“ Куманово.

Дел од родители на своја иницијатива ги повлекоа дечињата од градинките кои се наоѓаа во близина на училиштата.

Дојавата за бомби во Куманово следи само еден ден по одржаниот координативен состанок за справување кризни состојби и преземање мерки, кој го организираа Секторот за образование при Општина Куманово, заедно со полицијата, а присуствуваа директори на сите основни и средни училишта.

По налог на полицијата во училиштата не се одржа настава во втората смена. Одредени училишта иако не добиле заканувачки пораки, одлучија да ги ослободат учениците од настава. Имаше и такви кои продолжија со работа.