ВИДЕО: Постепено заживува манастирскиот комплекс Карпино

Најстариот манастирски комплекс во североистокот Карпино сместен во близина на селото Сув Орах, со години е оставен да пропаѓа. Иако група граѓани самоиницијативно формирале одбор кој од 2016-та година го одржува и уредува манастирот Воведение на Пресвета Богородица, неопходна е итна интервенција на кровот, како и постариот конак, изграден кога и светилиштето во 14-от век, и кој може целосно да се урне. Со донација на хумани граѓани, го реновирале поновиот конак. Побарале, но не добиле дозвола и за санација на постариот, кој е под заштита на државата.

Коментари

коментар(и)