ВИДЕО: Практиканство и самовработување – најинтересни мерки за невработените
Невработените кумановци последните години најголем интерес пројавуваат за мерките практиканство и самовработување, а помалку атрактивна за младите е мерката – обука кај конкретен работодавач, информираа денеска надлежните од Центарот за вработување во Куманово.
Што се однесува пак, до јавниот оглас за времено ангажирање на пожарникари, заклучно со вчера аплицирале 20 невработени лица.