ВИДЕО: Пресушува реката Пчиња – апел за рационална употреба на водата

Пресуши реката Пчиња во делови од селата Младо Нагоричане и Драгоманце во близина на пумпните станици на водоводните системи со кои стопанисува јавното комунално претпријатие „Козјак“ од Старо Нагоричане.

Надлежните апелираат до сите жители на општина Старо Нагоричане за рационална и совесна употреба на водата за пиење, како и избегнување непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за миење автомобили, за полнење на базени и слично.

Како што соопшти денеска в.д. директорот на претпријатието Ненад Јакимовски изминатите денови има енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на вода на дневно ниво, што предизвикува нарушување на стабилноста на водоводните системи со кои стопанисува ЈКП „Козјак“.