Оправдани ли се одлуките на Советот на Општина Куманово за субвенционирањето, колкава е искористеноста на мерките, можат ли јавните претпријатија без помош од државата да излезат од негативните салда, зошто е стопиран проектот за реконструкција на малиот плоштад, кога ќе профункционира спортската сала, со кои проекти аплицираше општината на вториот владин повик за инфраструктурни проекти, кои се приоритетите во пресрет на локалните избори?
На овие и на многу други теми в петок во СТАВ разговараме со претседателката на Советот на Oпштина Куманово Ивана Ѓорѓиевска.
