ВИДЕО: Промовирана книгата „Мајка Слоботка херој на времето”
„Мајка Слоботка херој на времето” е насловена монографијата од д-р Тодор Бурназовски која беше промовирана вчеравечер во просториите на здружението на пензионери, на Денот на ослободувањето на Куманово. Книгата е посветена на родителите на авторот, Слоботка и Киро, на нивниот непокорен и слободарски дух во време на Втората светска војна.
„Главна личност во монографијата е младиот борец Слоботка Георгиева, родена во 1919-та година, која што во својата 18-та година како монополска работничка, се вклучила во синдикатното движење, потоа во СКОЈ и во КПЈ во Македонија и предводела многу штрајкови. Кога фашистичките војски почнале да навлегуваат, таа станала активист деец на отпорот против фашистичкиот терор“, пишува во рецензијата од Петар Карајанов.
