ВИДЕО: Промовиран меѓународниот зборник ,,Кумановска Симбиоза-22”

,,Кумановска Симбиоза-22” е насловен меѓународниот зборник промовиран денеска во Занаетчискиот дом. Зборникот е збир на дела што се дел од вториот Меѓународен фестивал на поезија, проза, афоризми и хаику ,,Симбиоза на планета”,  кој го организира  Клубот на книжни творци „Симбиоза”. Конкурсот за учество на фестивалот  бил распишан на 5 мај, Денот на македонскиот јазик. На второто фестивалско издание учествувале повеќе од 90 автори од 7 држави, Македонија, Србија, Германија, Австралија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора, кои што се натпреварувале во 3 категории – поезија, проза и афоризми. Делата ги оценувала шестчлена комисија со претседателката Ирена Павлова Де-Онорико.

Главен и одговорен уредник на зборникот е поетесата Верица Петровска.

Проектите кои го негуваат македонскиот јазик и култура секогаш се поддржани од општина Куманово, за што на градоначалникот Максим Димитриевски му беше врачена благодарница од клубот „Симбиоза“.

Посетителите на  промоцијата на ,,Кумановска Симбиоза-22” имаа можност да го добијат зборникот,  а на учесниците им беа доделени благодарници, награди и признанија.