ВИДЕО: Промовиран романот „Кругот дупка“ од мултимедијалниот уметник Никола Наумовски

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вчеравечер беше промовиран романот „Кругот дупка“ од младиот кумановски мултимедијален уметник, Никола Наумовски, објавен од издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје.

„Кругот дупка“ е повеќеслоен роман кој говори за животот на младиот човек во Куманово, за соништата, за градот, за траумите, за реалноста и имагинарното.

Романот го промовираше основачот на издавачката куќа Јулијана Величковска, македонска поетеса, писателка, преведувачка и уредничка.

Никола Наумовски е роден 1994 година во Куманово. Дипломирал музичка теорија и педагогија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Во 2021 г., Никола беше добитник на првата награда на конкурсот „Млади поети“, одржан во чест на 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески, од страна на Агенцијата за млади и спорт (АМС).

Минатата година во скопски МКЦ, се промовираше неговата прва збирка на поезија „Град без сенка“.