ВИДЕО: Ревија на народни носии организираше Етно фолк студио

Народни носии од различни етнички заедници вчеравечер беа дел од третото издание на ревијата во организација на Етно фолк студио од Куманово која се одржа во Занаетчискиот дом.  На сцената беа прикажани 19 носии кои го отсликуваат културно – историското богатство на кумановскиот крај. Настанот се организира со поддршка на општината.

Ревијата беше збогатена со песна и игра од членовите на Етно фолк студио, кое годинава одбележува мал јубилеј – пет години од своето постоење.

На културно – уметничката вечер присуствуваа претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска,  членови на Советот на Општина Куманово, претставници на општината.