ВИДЕО: Рибарите по десетти пат го одбележаа празникот Богојавление- Водици

Рибарите од Куманово и годинава ја продолжија традицијата во чест на големиот христијански празник  Богојавление-Водици. Тие вчера заедно со своите колеги и пријатели од Врање, Р. Србија го одбележаа празникот, а воедно и Денот на рибарите во Пелинце. Покрај пивтии, греана ракија, другарување, на овој ден кој е многу значаен за рибарите, традиционално се кршеше лепче со паричка и се избра кум за наредната година.

-Оваа година паричката се падна кај колегата Љубе, кој што од оправдани причини не е присутен, но подоцна ќе ни се приклучи, изјави Марјан Томовски, рибар

На 10-тото јубилејно одбележување на Водици лепчето го подели годинашниов кум Мартин Митровски на кого паричката му донела најголема среќа, неодамна станал татко.

Рибарите се надеваат дека наредната година временските услови ќе бидат поповолни и ќе имаат можност како и неколкупати претходно да прославуваат покрај река.