ВИДЕО: Светскиот ден на безбедност на планината, 15 јануари одбележан со обуки
По повод Светскиот ден на безбедност на планина, 15 јануари, вчерапопладне во просториите на поранешен комитет се одржаа обука за безбедност на планина и обука по прва помош на членови од планинарскиот спортски клуб „Поларис’’, волонтери на Црвен крст од Куманово и претставници од извидничкиот одред „Скаут”.
Бобан Стефановски од клубот „Поларис” на учесниците им одржа кратка демонстрација и едукација за безбедно движење во планина, каква опрема е потребна за планинарење, како правилно да се употребуваат потребните реквизити, како опремата може да се искористи за импровизација доколку се најдеме во некоја опасна ситуација или доколку има непогодни временски услови. Претставниците од извидничкиот одред „Скаут” учесниците ги запознаа со историјата и работата на нивниот одред и какви активности спроведуваат тие, а воедно им демонстрираа како правилно се врзуваат јазли. Обучените волонтерите по прва помош на Црвен крст Куманово им демонстираа повреди кои најчесто можат да се случат при планинарење на долги и кратки рути.
