ВИДЕО: СДСМ: Да се врати бистата на Магдалена Антова
„Да се врати бистата на Магдалена Антова во Соколанскиот парк и да се одржуваат парковите и зелените површини во градот“, бара општинската организација на СДСМ Куманово. Барањата беа изнесени на прес-конфереција одржана во паркот.
Инаку, случајот со бистата е пријавен и во полицијата. На 27 декември 2023 година кумановец пријавил дека во паркот „Соколана“ недостасува бистата на Магдалена Антова. Увид извршила и екипа од СВР Куманово.