ВИДЕО: СДСМ Куманово обвинува за корупциски скандал, Димитриевски со контра аргументи
СДСМ Куманово обвинува дека од влезот на ланецот маркети Лидл во градот, најголема корист ќе имаат градоначалникот Максим Димитриевски и неговото потесно и пошироко семејство. СДСМ денеска на прес-конференција објави документи, за како што велат од партијата, најголем коруптивен скандал во Куманово. СДСМ побара сите надлежни институции да го истражат случајот.
Од партијата на Димитриевски пак велат дека целата постапка е транспарентна и законска. Според Димитриевски, цел на лагите на СДСМ не е тој, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија. И Димитриевски на денешната прес-конференција ги повика институциите да го испитаат овој предмет и доколку се утврди било каква кривична одговорност да поднесат кривични пријави против сите засегнати лица.