Здружението на просветни работници денеска во Занаетчиски дом организираше бесплатен семинар и интерактивна работилница за наставници од основните и средните училишта во општина Куманово насловени ,,Обединети во различностите”. Настанот е со цел да се разменат добри практики и да се споделат интерактивни активности применливи во различни предмети за толеранција, разбирање, мултикултурализам и инклузија од регионалната конференција одржана неодамна во Велика Горица, Хрватска, на која претставници на здружението на просветни работници добија награда за најдобар образовен штанд ,,Македонски мозаик”.
Здружението на просветни работници додели и благодарници на општествено одговорни компании од Куманово за несебичната поддршка за учеството на регионалната конференција, како и на медиумите.
Во соработка со Фото клуб Куманово денеска беа изложени и 30 фотографии од градската хроника „505 години Куманово“ – изложба промовирана пред еден месец во просториите на клубот.