(ВИДЕО) Се зголемува бројот на ковид -дијагностицираните

Во текот на изминатата недела (10.01.2022 до 16.01.2022) во Куманово

Повеќе од двојно е зголемен бројот на нови случаи во текот на изминатата седмица ( 10.01. -16.01.2022)споредбено со неделата претходно.

Според податоците на надлежното министерство во текот на изминатата седмица се регистрирани вкупно 482 нови случаи во Куманово (заедно со Липково и Старо Нагоричане), додека во првите девет дена од почетокот на годината таа бројка изнесувала 206.

Најмногу нови случаи за еден ден биле регистрирани во четврток, дури 86 лица позитивни на Ковид-19.

Во текот на изминатата недела починато е само едно лице поради компликации од коронавирусот.

Заклучно вчерашната статистика на Институтот за јавно здравје, во Куманово активни се вкупно 580 случаи.

Од почетокот на пандемијата во Куманово, Липково и Старо Нагоричане регистрирани се 13.829 случаи позитивни на Ковид-19.

 

Коментари

коментар(и)