ВИДЕО: Се одржа тениски турнир во младински категории

Трета недела по ред Куманово беше домаќин на уште еден тениски турнир во младинските категории. Викендов се одржа Отвореното првенство на Македонија за јуниори и јуниорки до 14 години, кое беше во организација на тенискиот клуб Тумба Куманово и тениската федерација на Македонија. Мечеви поминаа во фер и коректна атмосфера на тениските терени покрај Спортската Сала.

Во машка конкуренција триумфираше Матеј Попов од Т.К  од Скопје, кој во финалето беше подобар од неговиот клубски колега Грегор Стојнев со 2-0 во сетови.

Кај девојчињата исто така беше интересно до самиот крај. Турнирот го освои Ива Кецкарова од ТК Охрид која во финалниот меч беше подобра од Миа Спировска од Т.К Југ со 2-1 во сетови.

Одлични настапи на овој турнир имаа и нашите членови Алексеј Стојановски, Анастасија Арсовска и Елена Божиновска. ТК ТУМБА од Куманово уште еднаш упатува јавна благодарност до своите натпреварувачи и членови за нивниот голем придонес во остварување на одличните резултати и афирмација на клубот.