ВИДЕО: Се реконструира улицата „Никола Тесла“, Трајановски и Димитриевски на увид на градежните работи

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и пратениците Бране Петрушевски и Даниел Стојчевски денеска извршија увид во градежните активности на улицата „Никола Тесла“, патна траса која што е составен дел на државните патишта, а поминува низ Куманово.

Станува збор за рехабилитација на патот во должина од 1400 метри, а  вкупната инвестиција преку ЈПДП е 20 милиони денари.

-Во оваа прилика да искажам задоволство како градоначалник на Куманово, благодарност и до Влада и ЈПДП што си најдоа за сходно заедно со општината ова децениско прашање да почнеме да го решаваме. Претходно на оваа траса во соработка со министерството за транспорт и врски реинвестираше и комплетно го реконструира во делот на оваа траса водоснабдувањето и системот, а дополнително се надевам во иднина дека со заеднички сили ќе најдеме начин да ја изградиме целосната траса која од овде тргнува па завршува се до стариот граничен премин кај село Табановце. Системот се уште не е предаден на владение на ЈП „Водовод“ Куманово, знам дека има одредени технички недостатоци, тоа е комплетна надлежност на транспорт и врски надзорот е нивен, но работиме на тоа иако истиот делумно функцонира да се стави целосно. Но, оваа траса на која работиме е независна на ова што сега работиме, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово.

„Општина Куманово веќе има порачано проектна документација за уредување на тротоарот на улицата „Никола Тесла“ и од десната страна, а тоа ќе го вградиме во следната развојна програма“, истакна градоначалникот Димитриевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Освен регионалниот пат „Никола Тесла“, ќе се реконструира и патот Бељаковце- Клечовце, како и патот од селото Пчиња до Вакв. Вкупната инвестиција на ЈПДП во Куманово ќе биде 85 милиони денари, изјави директорот на претпријатието Коце Трајановски.

-ЈПДП активно рабити на обнова и реконструкција на државните патишта, автопатите, магистралите, експресните патишта, ноне се заборавени ниту регионалните патишта. Еден од тие е и овој регионален пат „ Никола Тесла“ кој што денеска или вчера почнавме со негова рехабилитација. Рехабилитацијата ќе биде во должина од 1400 метри, со променлива ширина од 5 до 9 метри или вкупна асфалтна површина од 10.000 метри квадратни. Вкупна инвестиција преку ЈПДП е 20 милиони денари. Покрај тоа веќе е почнато со реконструкција на патот Бељаковце -Клечовце, тоа е вредност од 35 милиони денари. Откако ќе завршат овие два регионални патишта ќе почне реконструкција на патот од Пчиња до Вакв реконструкција, вкупна инвестиција на ЈПДП во Куманово ќе биде 85 милиони денари. ЈПДП за реконструкција на овие регионални патишта во рамки на програмата, а во договор со ЈП „Македонија пат“ има планирано 700 милиони денари оваа година за реконструкција и рехабилитација на регионалните патишта. Се трудиме во секоја општина каде што е најкритично со градоначалниците да видиме кои се најприоритетни за оваа година, останатите ќе бидат наредна година, освен тоа имаме и надзор кој ни даваат свое мислење. Овој патен правец е значаен за Куманово и затоа во соработка со градоначаланикот и општината е ставен како приоритет, изјави Коце Трајановски, директор на ЈПДП

Нов кружен тек, санација на училишта и улици се дел од проектите чија што реализација ќе го подобри животот во Куманово, најави градоначалникот Димитриевски, при увидот на градежните работи на „Никола Тесла“.

-План е секако изградбата на кружниот тек и продолжување на булеварот „Октомвриска револуција“ и нов кружен тек на раскрсница на булевар „Октомвриска револуција“ и „Доне Божинов“. Спортската сала, како што знаете е целосно завршена, се чека ентериерно уредување на работните простории и технички прием, голем број на улици, санации меѓу кои има и училишта, изјави Димитриевски.

Средствата за рехабилитација на регионалните патни правци во Единиците на локалната самоуправа се издвојуваат од буџетот на ЈПДП, а активностите се изведуваат преку договорот со Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта (Македонија пат).