ВИДЕО: Се решаваат децениските проблеми на кумановци

Во тек се градежни активности за тампонирање на патот кон село Довезенце, се поставува гребен асфалт во Орашац, се бекатонираат улицата „147“ и кракови од улицата „120“ во Карпош, а се поставува бекатон и на улицата „440“ во населбата Иго Тричковиќ.

Ова се само дел од тековните активности на Општина Куманово за подобрување на патната инфраструкура, за олеснување на секојдневието на граѓаните, за поттикнување на локалниот развој.

Претходниот период беа поставени бекатон плочки и асфалтирани десетици улици во Општина Куманово, за кои говореше градоначалникот Максим Димитриевски на Отчетот за четигодишниот мандат, а претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска на последната седница.

Меѓу останатото, Димитриевски и Ѓорѓиевска истакнаа:  

-Една од главните цели што си ги поставивме заедно со мојот тим е секој жител, без разлика во кој дел од општината живее, да има пристојни услови за живот. Срамота е во 21 век да има места без основна инфраструктура и токму затоа еден од нашите главни фокуси беше инфраструктурна ренесанса на Куманово. Бројките се сојзуник на вредните, а непријател на мрзеливите, па затоа пред вас драги пријатели, ќе ги спомнам најважните:

над 13.500 метри атмосферска и фекална канализација;

повеќе од 4.800 метри водоводна мрежа;

175.000 м² асфалтирање и реконструкција на улици и патишта;

78.000 м² поставен бекатон;

над 2.700 метри гасоводна мрежа, со повеќе од 5 милиони м³ дистрибуиран гас до домаќинства и компании.

-Се реконструираа улици во Речица, Табановце, се постави бекатон на повеќе улици во населбите Ајдучка чешма, Иго Тричковиќ, Карпош, Перо Чичо, Јане Сандански, се асфалтираа и реконструираа улици во градот…..