Се уште нема решение за уредување на Центарот за детско творештво во Куманово. Објектот со години е запуштен и оставен да пропаѓа. Местото кое во минатото го посетуваат над 1.000 дечиња, е полно со смет.
Премиерот Ковачевски, кој детството го поминал во овој објект, вели дека ваквите културни установи во државата, треба повторно да се стават во функција на младите.