ВИДЕО: Систина Офталмологија: Како влијае дијабетесот на очите?

Дијабетесот е една од најчестите болести на современото општество која може да предизвика оштетување на очите како последица на долготрајно зголемено ниво на шеќер во крвта.

Во Систина Офталмологија се применуваат неколку методи при лекување на дијабетична ретинопатија зависно од состојбата на окото.

Според д-р Маја Иванова Цеков, спец.офталмолог и хирург во Систина Офталмологија, во одредени случаи каде што болеста е во напредната фаза, единствен начин на лекување е операција која се изведува со локална анестезија.

Целосниот разговор со офталмологот Иванова Цеков, по вестите во 18 часот.