ВИДЕО: Социјален дијалог „Учи паметно, работи стручно“

Социјален дијалог во рамките на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ организираше денеска во кружната сала на поранешен комитет Секторот за образование при општина Куманово во соработка со средните општински училишта. Станува збор за кампања на МОН која се спроведува веќе четврта година во соработка со Швајцарската амбасада за развој, а се однесува на настава за зголемен број на часови во средните стручни училишта, односно дуални паралелки. Секторот за образование изготви анализа од претходно поделен анкетен прашалник од страна на средните стручни училишта во компаниите на територијата на општина Куманово која покажува за кои струки, односно профили компаниите имаат интерес. Податоците пред претставници на приватниот сектор, директорите на училиштата, стручната служба, наставниците ги презентираше раководителот на Секторот за образование Александар Јовановиќ.

За тоа кои профили биле најбарани од учениците говореа директорите на општинските стручни училишта „Наце Буѓони“ и „Перо Наков“, Драган Јаневски и Мила Жибак – Димковска, како и директорката на Државното средно училиште Регионален центар за средно стручно образование „Киро Бурназ“, Весна Трајковска.