ВИДЕО: Со вработените лекари специјализанти во болницата до поквалитетна здравствена заштита
Се зајакна кадровската екипираност во Општа болница Куманово. Со вработувањето на 24 млади лекари специјализанти во 15 различни медицински гранки, првпат во болницата ќе можат да се изведуваат интервенции од пластична и реконструктивна хирургија, а пак, на некои оддели ќе биде воведено двосменско работење. Она што како проблем се провлекува изминатите години е недоволен интерес за анестезиологија. И на последниот оглас не се пријавил ниту еден специјализант по анестезиологија и реанимација, ниту пак, офталмолог, дерматолог, психијатар, информира директорот на болницата Сашо Стошевски.
-Ќе распишеме повторно конкурс за овие четири специјализанти, а огласот за анестезиолог е отворен 365 дена во годината. Недостатокот на анестезиолози во моментот го амотизираме со лекари од скопските клиники кои што доаѓаат на дежурства на доброволна основа. Потребни се сериозни мерки, измени во законската регулатива… , изјави Стошевски.