ВИДЕО: Со Еуро колеџ до најквалитетно образование, уписите се во тек
Во тек се уписите во единствената приватна високообразовна установа во градот.
Во „Еуро колеџ“ во новата учебна година ќе се запишат 90 студенти на прв циклус студии и 60 студенти на втор циклус студии на студиската програма по Бизнис администрација.
Исто така, и оваа година студентите можат да се запишат да студираат на престижниот Лондон Метрополитен Универзитетот од Велика Британија Студентите кои ќе одлучат да студираат на овој универзитет ќе бидат запишани во Лондон, а студиите ќе ги следат од овде.
Минатата година на Еуро колеџ биле запишани рекордни речиси двеста студенти. Најважно е што приватната високообразовна установа им дава можност на студентите да студираат за британска диплома. Изминатите шест години околу 150 студенти се стекнале со британска диплома. Последната група дипломци летово своите дипломи ги добиле на свечена церемонија во Лондон.
Преку Еуро колеџ кој успешно опстојува повеќе од две децении, луѓето можат да дојдат до најквалитетно образование, посочуваат надлежните.
Целосниот разговор со основачот и декан на Еуро колеџ, Љубиша Петрушевски, веднаш по вестите.