ВИДЕО: Со пошумување се одбележа Денот на волонтери

Со акција за пошумување на Спомен Костурница се одбележа 5-ти декември, Денот на волонтери. Идејата за ваквата еколошка акција е на претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска, а се вклучија наставници и ученици од средните училишта. Се садеше бел бор и чемпрес, околу 3.000 садници.

На акцијата учествуваа ученици од гиманзијата Гоце Делчев, економското Перо Наков и техничкото Наце Буѓони.

Акциите за пошумување ќе продолжат и во наредниот период.