(ВИДЕО) Спасовски: Работиме на откривање на дојавите на бомбите
Институциите работат на откривање на зачестените дојави за бомби во земјава и веќе има одредени резултати, смета министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Појаснувајќи ја улогата на новоформираниот оперативен тим за сајбер безбедност и хибридни закани, рече дека ваквата состојба покажува колку е важно да се зајакнат човечките и материјално-техничките капацитети на сите институции, со цел во иднина да се спречат хибридни напади.