Спасовски: Спомен костурницата заслужува целосна обнова

-Во изборната кампања ветив дека Споменик костурница, Соколана и спортската сала ќе бидат обновени.
Откако ги вративме во владение на Општина Куманово, заедно со стрелиштето и градскиот стадион, веќе се во тек градежните работи на Соколана и спортската сала, во Соколана е реконструирано отвореното игралиште.
Спомен костурницата е историски комплекс којшто има огромно значење, не само за Куманово и кумановци, туку и за државата, и за целиот македонски народ, и не само што е потребно, туку заслужува да биде обновена, затоа што сметам дека Куманово како град кој што беше носител во борбата против фашистите, град кој ги негува до ден денеска слободарските традиции на антифашизмот, тоа треба да го има, треба да го добие како поддршка од државата и нема да изостане таа поддршка!
Навистина, јас ќе направам сè да се обезбедат финансиски средства за реконструкција на Спомен костурницата, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски гостувајќи во емисијата СТАВ.