Домот за стари лица „Зафир Сајто“ деновиве беше домаќин на настанот „Спој на генерации“, чија цел е да ги поврзе најмладите со највозрасните преку уметност, култура и заеднички активности.
Директорот на Домот за стари лица „Зафир Сајто“, Александар Крстевски истакна дека настанот е дел од активностите што институцијата ги реализира во соработка со образовните установи и граѓанските организации.