ВИДЕО: Стојановски: Санкционирање на несовесните граѓани за отпадот

Поради континуирано непрописно одлагање отпад на јавните површини и слабото санкционирање на несовесните граѓани се создава впечаток дека екипите на јавното претпријатие не редовно ги извршуваат своите работни задачи, смета директорот на „Чистота и зеленило“, Ненад Стојановски, откако последниот период се почесто комуналното претпријатие е критикувано дека хигиената во Куманово не е на завидно ниво.

Од друга стана, пак, надлежните се жалат дека немаат доволно комунални инспектори кои што би ги казнувале несовесните граѓани.

Што преземаат надлежните во однос на хигиената во градот, од изјавата на Ненад Стојановски, в.д.директор на ЈП „Чистота и зеленило“.