ВИДЕО: Студентите без бесплатен превоз, поднесоа претставки до КСЗД
Студентите од приватните факултети, кои алармираа за проблемот со недостиг на јавен градски превоз во Скопје, доставија претставки до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Претставките како што велат се кон МОН и Град Скопје. Овие студенти имаат право на користење студентска стипенија, студентски оброк, кои што ги доделува министерството, но не и бесплатен јавен градски превоз во главниот град, како студентите на државните факултети.