ВИДЕО: Тренчевска во посета на Дневен центар во Оризаре
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи, го посети специјализираниот центар за дневен престој на деца со попреченост, лоциран во Оризаре. Во овој специјализиран Дневен центар на дневно ниво престојуваат 14 деца, а истиот има капацитет од 38 деца со попреченост од повеќе населени места во општината Липково.