ВИДЕО: Трет ден Божиќ, се слави Свети Стефан

Денес се слави третиот ден на Божиќ кој е посветен на Светиот Архиѓакон Стефан. Воедно ова е денот кога се слави првата слава по Божиќ, а во многу семејства и домови се слави како куќна слава. Денес именден слават сите што го носат името Стефан, Стево, Стефанија и слично…

Инаку, раѓањето на Христос го најавија малите коледарчиња со Бадниковата поворка низ централното градско подрачје  токму на шести јануари. Бадникови колачиња и божиќни ѕвезди им беа поделени на сите коледарчиња кои тргнаа во традиционалната поворка која се организира по деветти пат од здружението „Бадникови поворки“. Со пригодни божиќни подароци коледарчињата беа пречекани и од првите луѓе на општина Куманово.

Коментари

коментар(и)