ВИДЕО: Трибина на граѓанското здружение „За наше Куманово“

Граѓанското здружение „За наше Куманово“ ќе одржи трибина в петок во центарот за култура „Трајко Прокопиев“ со почеток во 19 часот.

На трибината ќе говори и градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, информира претседателот на граѓанското здружение, Даниел Стојчевски.

Тој ги повика граѓаните да присуствуваат на трибината и да слушнат за реализираните, но и планирани активности на граѓанското здружение „За наше Куманово“.