Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ повторно организира тридневна акција за собирање на кабаст отпад. Граѓаните ќе имаат можност од петок до недела на три локации во градот да го одложат кабастиот отпад во корпите што ќе бидат поставени од комуналното претпријатие.
„Во согласност со насоките од Министерството за животна средина и просторно планирање, ЈП „Чистота и зеленило“ организира тридневна акција за собирање на кабаст отпад. Акцијата ќе се спроведе во период од 12.12.2025 и ќе трае три дена (петок, сабота и недела).
Големи корпи за кабаст отпад ќе бидат поставени на следниве локации:
-поранешен „Шипад“ – населба „Гоце Делчев“;
-паркинг кај Градски базен;
-ТППЕ Куманово – Пожарна.
Апелираме до сите граѓани кабастиот отпад-стар мебел да го одложуваат исклучиво на наведените локации во предвидениот период, со цел сите заедно да придонесеме за почиста и поуредна животна средина“, изјави Сашо Томиќ, директор на ЈП „Чистота и зеленило“.
