Во рамки на фестивалот „Денови на комедија 2022“ се одржа тркалезна маса на која се зборуваше за театарот, комедијата, уметноста.

На настанот кој се одржа во фоајето на Центарот за култура учествуваа лауреатот на овогодинешното издание, актерот Благоја Чоревски, режисерката Драгана Гунин, театролог, книжевен критичар, научен истражувач и универзитетски професор Мишел Павловски и драматургот Викторија Рангелова.