Меѓународната фондација за изборни системи, денеска во ресторан Грација организираше тркалезна маса на тема „Промовирање на социјална инклузија за време на избори на онлајн медиумите.” Настанот е со цел да поттикне конструктивен дијалог за зголемена социјална инклузија во онлајн медиумите/интернет порталите за време на изборната кампања.
Тимот експерти ги презентирааа клучните наоди од последните парламентарни избори и беа споделени предлози за политики за да се поттикнат позитивни промени.
На тркалезната маса учествуваа претставници од институциите, граѓанските организации и други релевантни засегнати страни кои дискутираа за стратегиите за подобрено медиумско покривање за време на изборниот период.
Оваа конференција се организира во рамките на проектот„Пари, медиуми и избори во Северна Македонија,” поддржан од Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој (FCDO) на Владата на Обединетото Кралство.