ВИДЕО: Убедлива победа на изборите очекува Движењето ЗНАМ во Куманово
Убедлива победа во првиот круг на претстојните локални избори најави денеска претседателот на општинската организација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Куманово, Даниел Стојчевски.
Претходно, актуелниот градоначалник и претседател на Движење ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски ја поднесе кандидатурата до општинската изборна комисија за нов мандат. Димитриевски порача граѓаните да го направат вистинскиот избор на 19 октомври.
Носител на кандидатската листа на советници е актуелната претседателка на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска.
Стојчевски соопшти дека ќе биде шеф на општинскиот изборен штаб на партијата.