ВИДЕО: Успешно реализиран Оперативниот план за вработување
Самовработувањето е најискористена и најинтересна мерка за граѓаните минатата година, а кај правните лица- мерката финансиска поддршка за отворање нови работни места, информира раководителот на Ценатрот за вработување во Куманово, Ндерим Јашари.
Според Јашари, успешно е реализиран Оперативниот план за вработување бидејќи голем број невработени граѓани и правни лица ги искористиле мерките на Агенцијата за вработување.
-Добро помина и новата мерка „креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“. За финансиска поддршка кај правните субјекти, финансиите беа пуштени при крај на годината. Имавме 108 апликации, дури 85 потпишани договори, изјави Ндерим Јашари, раководител на Центарот за вработување на Куманово.