ВИДЕО: Утре ќе бидат објавени детали за новогодишната кошничка
Привршува изработката на новогодишната кошничка, која ќе содржи намалени цени на повеќе стотина производи, а листата на продукти ќе биде поразлична од претходните, најави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески при вчерашната посета на Куманово.
Деталите за новогодишната кошничка ќе се соопштат на прес-конференција која ќе се одржи утре во Владата.