ВИДЕО: Училиштето „Вук Караџиќ“ го одбележа патрониот празник
Под мотото „Македонија во срцето“ основното училиште „Вук Караџиќ “ денеска го одбележа патрониот празник и 77 години постоење и успешна работа.
Со пригодна приредба пред наставниците, гостите, родителите, учениците ги покажаа своите знаења и таленти во рецитали, хорска изведба, ора. Приредбата која традиционално е со мултиетнички карактер се состоеше од петнаесетина точки, во кои учествуваа ученици од прво до деветто одделение.
Учениците од „Вук Караџиќ“ речиси секоја година успешно го претставуваат училиштето на општински, регионални и државни натпревари. И „Вук Караџиќ“ е едно од училиштата кое што во наредниот период ќе добие енергетско-ефикасна фасада, информираат надлежните.
Училиштето „Вук Караџиќ“ е меѓу постарите училишта во градот. Изградено е и активно работи од 1945-та година.

Именувано е по Вук Стефановиќ Караџиќ, најзначајната личност во српската литература во првата половина на 19-от век.
