ВИДЕО: „Херои во сите бои“ – настан посветен на аутизмот

Здружението за развој и промоција на инклузивно општество „Инклузива“ информира дека на 16 декември годинава, во ресторан Аркус , со почеток во 17 часот ќе се одржи настан насловен „ Херои во сите бои“, на кој врвни експерти од државата ќе зборуваат за истражувањата, иновациите и надминувањето на предизвиците поврзани со нарушувањето од спектарот на аутизам. Настанот е главно наменет за родители, но и за истражувачи, специјални едукатори, педагози, лекари, наставници, претставници од НВО и сите други заинтересирани страни.

Овие средби се реализираат како дел од активностите на Фондацијата д-р Верица Механџиска и Зегин и имаат за цел да придонесат кон поинклузивно и поправедно општество.

Видеото со изјавата од Благица Димитровска, претседател на здружението „Инклузива“, по вестите во 18 часот.