ВИДЕО: Чевларите го слават Свети Спиридон
Чевларите од Куманово денеска го слават Свети Спиридон, светецот кој тие го сметаат за свој заштитник. Куманово некогашен чевларски град, во последно време се соочува со недостиг на квалификувана работна сила, но и со значително помал број на чевларски фирми. Ова се потврдува со фактот што членството на здружението на чевлари „Куманово“ за три години е намалено повеќе од три пати. Фирмите очекуваат наредната година да биде поуспешна за чевларската индустрија.