Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ го презема зимското одржување на јавно прометни површини во централното градско подрачје, информираше денеска директорот Даниел Стојчевски. Градот е поделен на две зони за поефикасно чистење од снег. Вонградежниот опфат ќе чисти избрана компанија на тендер. Куманово има и 120 тони сол за зимско одржување на улиците.