ВИДЕО: „Чувари на водата“- Еразмус проект на ООУ„Кочо Рацин“
„Чувари на водите“ е насловен проектот од Еразмус плус програмата кој што го координира професорката по англиски јазик Анита Димовска. Основното училиште „Кочо Рацин“ проектот го реализира во соработка со училишта од Португалија, Шпанија, Италија и Турција. Дел од активностите веќе се завршени, а некои допрва следуваат. Целта е преку активностите децата да се поттикнат да ја почитуваат водата како извор на живот, да се грижат за неа и да ја користат мудро, посочува Димовска.
– Соработуваме со училишта од неколку држави и тоа Брага -Португалија, Тортоса- Шпанија, Џенова-Италија и Истанбул, Турција. Лани ние бевме домаќини во април 2022-та, а во октомври бевме во посета на училиште во Турција, потоа во ноември во Италија и сега ни следуваат уште две активности, мобилности во времетраење од една недела, во април годинава во Шпанија и во мај завршно во Португалија. Навистина впечатливи активности, убаво организирани и подготвени од страна на училиштето-домаќин, секоја мобилност од различен аспект се обработува темата вода, да речеме во Истанбул посетивме и успеавме да видиме различни видови на вода со која што е опкружен Истанбул, се разбира Босфор, Мраморно море, но и Црно море и учениците научија за важноста на економијата, економскиот аспект кога еден град е опкружен со толку различни видови на води. Од друга страна пак во Џенова највпечатливо беше тоа што водата како моќен извор од природата знае да биде придобивка и бенефит за сите кои што живеат околу неа и покрај неа, меѓутоа знае да има и негативни последици како страшната поплава која што ја доживеале луѓето во 2011-та година која што однела и многу жртви. Со самото тоа децата се поттикнуваат да ја почитуваат водата како извор на живот, да се грижат за неа и да сме свесни дека треба да ја сочуваме и да ја користиме мудро, изјави Анита Димовска, координатор на проектот

Во моментов во „Кочо Рацин“ е активен уште еден Еразмус проект наречен „Откриј го светот со новите технологии“ кој што го координира заменик директорката и педагог во училиштето Сашка Стаменковска. Во овој проект училиштето соработува со училишта од Бугарија, Грција, Полска и Италија, посочува Димовска. Крајниот рок за реализација на двата проекта е август годинава.
-Ваквите соработки преку Еразмус програмата нудат уникатна можност на сите ученици кои што се вклучени активно, меѓутоа и на наставниците кои што се дел од Еразмус тимовите за размена на идеи, соработка, соработка со други колеги, размена на добри практики, меѓутоа и учење на нови работи, колешка Сашка преку технологии, ние преку екологија, навистина учениците дознаваат работи кои што можеби не би ги осознале во текот на секојдневното образование, им се прошируваат видиците, среќаваат деца и семејства од други култури, ги прифаќаат, ги почитуваат различностите и пред се стекнуваат трајни пријателства, изјави Димовска.
Основното училиште „Кочо Рацин“ активно реализира Еразмус проекти од 2018-та година.
