ВИДЕО: Јовановиќ: Ученичкиот дом во незавидна состојба

Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ е во незавидна состојба, соопшти на последната седница на Советот, Александар Јовановиќ од Секторот за образование во општина Куманово. Според раководителот, ученичкиот дом кој се финансира од партиципација на учениците кои што се сместени таму, не е во можност со тие средства да ги подмири ниту платите на вработените.  Во домот престојуваат 55 ученици, а вкупниот капацитет е 120. За состојбата известено е и Министерството за образование и наука.