„Трагедијата во Кочани е шок за целото општество, посебно за родителите кои што имаат деца на возраст со децата кои што се повредени и кои што се жртви на трагичниот настан. Во моментов, многу е важно на децата да им се обезбеди сигурност, стабилност, поддршка од родителите и од семејството, но и од наставниците во училиштата. Се она што го чувствуваат младите треба да се уважи и да се нормализира затоа што во овој момент се она што го чувствуваме е нормално“, посочува психологот и психотерапевт Сања Јовановска од Куманово.
-Она што се случи во Кочани предизвика шок за целата заедница и предизвика силни емоции и кај преживеаните и кај семејствата на жртвите и кај спасувачите и кај сите оние кои што беа сведоци и на некој начин помагаа таму. Деновиве некако стана и прифатливо дека има некакви фази низ кои што треба да минуваме во една ваква ситуација на шок и на траума. Сега можеби се уште се наоѓаат во почетните две фази, шок и неверување или фазата на силни емоции која е следна фаза и за која верувам дека поголемиот дел од луѓето се наоѓаат. Во моментов, за жал се соочуваме и со голема и длабока траума која што предизвикува силни емоционални реакции, но, се соочуваме и со загуба на близок член, загуба на здравје кај повредените и тоа се моменти низ кои што треба време за закрепнување и време за минување. Сега зборуваме за фазите, но морам да нагласам дека секој има свој личен процес на минување низ ваква една тешка ситуација. Да, важно е да се минат сите фази за да дојдеме до фаза на интеграција и продолжување на животот на еден конструктивен начин во иднина, но, не треба да заборавиме дека секој има свое темпо на минување…
Од една страна траумата предизвикува силни физички реакции, можеда предизивика панични напади, силна анксиозност … , додека загубата има еден покомплексен начин на тагување и прифаќање на животот без изгубената личност. Важно е да им се посочи на луѓето дека, да, она што го чувствуваат во моментов е нормално, ова што го чувствуваат во однос на тоа дали е тага, бес, гнев, дали е некоја состојба на себеобвинување, чувство на вина, се е нормално и дека е потребно време за зацелување на оваа психолошка и емоционална рана која што е веќе создадена. Ова е шок за целото општество, посебно за родителите кои што имаат деца на возраст со децата кои што се повредени и кои што се жртви на ова атрагедија, некако младите се идентификуваат со нив и многу попотресно ги доживуваат овие моменти. Тука е важно да им се обезбеди сигурност, да им се обезбеди стабилност, поддршка од родителите и од семејството, но истото тоа и во школо од наставниците, она што се чувствува да се уважи и да се нормализира затоа што во овој момент се она што го чувствуваме е нормално. Оваа трагедија ги погоди сите во нашето општество, предизвика шок во зедницата. Сите деновиве зборуваат дека семејството треба да биде најголема поддршка, но, не треба да заборавиме дека токму семејствата минуваат низ голем стрес, низ силни емоции и треба и на нив да им пружи помош и поддршка за нивно закрепување и прифаќање на новонастанатата ситуација со цел тие самите да можат подоцна и да понудат една средина поддржувачка за повредените каде што исцелувањето би било полесно – изјави Сања Јовановска, психолог и психотерапевт од Куманово.
