ВИДЕО: ЈП „Куманово -гас“ во добивка во првите три месеци од годинава
Јавното претпријатие „Куманово-гас“ во првото тримесечје од годинава остварило добивка во износ од 786.050 денари, покажува извештајот за финансиското работење од 01.01.2025 – 31.03.2025 година.
Директорот на ЈП „Куманово- гас“ Марко Митровски на вчерашната седница на Советот на општината потенцираше дека најбитно е што претпријатието во годинава во екот на грејната сезона има испорачано поголема количина природен гас споредбено со истиот период лани.