Во третиот квартал од годинава, ЈП „Куманово гас“ бележи загуба од над два и пол милиони денари.
Според директорот Марко Митровски загубата во периодот јули- септември се должи на тоа што во летните месеци нема искористеност на природниот гас.
„Во третиот квартал „Куманово гас“ бележи загуба во износ од 2.676 431 денар, а се однесува на тоа што во летните месеци нема искористеност на природниот енергенс, односно 80 до 90 проценти гасот го користат само за загревање, во Куманово нема индустрија, затоа во летната сезона е намалена потрошувачката на гас“, рече Марко Митровски, директор на ЈП „Куманово гас“.
