ВИДЕО: ,,Љубовен мјузикл 2” во чест на празникот на љубовта и виното
Во знак на денот на љубовта и виното во Занаетчискиот дом синоќа се одржа второто издание на културно – уметничкиот настан „Љубовен мјузикл”, кој е во организација на Фондацијата за култура и спорт.
Преку кумановци настапи оркестарот „Симфониум” при кумановската гимназија „Гоце Делчев”, под водство на професорот Филип Петровски, а во придружба на членовите на танцовиот клуб „Динамик”.
Присутните имаат можност да уживаат во светски познати валцери, класични нумери и кумановски љубовни приказни.