ВИДЕО: Ќе се запишат ли уште првачиња до септември?!
Трендот на намалување на бројот на средношколците продолжува и кај првачињата. Од година в година се помал број првоодделенци се запишуваат во кумановските училишта.
Иселувањето од државата, внатрешната миграција, намалениот наталитет се дел од причините за се помалку ученици во земјава, посочуваат надлежните.
Годинава, во основното училиште „Браќа Миладиновци“ се запишани 112 првачиња, а во ООУ „Крсте Мисирков“ – 91 ученик.
Дали директорките на централните училишта очекуваат да се зголеми бројката на првачињата до први септември, од изјавите на Јасмина Спасовска од ООУ „Браќа Миладиновци“ и Александра Стаменковска од ООУ „Крсте Мисирков“.
Видеото со изјавите по вестите во 18 часот.